
Новак Ѓоковиќ главна атракција на средбата на Ц. Звезда во Евролигата (ВИДЕО)
Тој се најде крај теренот во салата „Александар Николиќ“ во Белград, од каде што навиваше за тимот за кој не крие дека навива. Пред средбата, популарниот Ноле громогласно беше поздравен од навивачите во салите, кои од прв до последен му стандираа: „Еден е Ѓоковиќ Ноле!“.
На полувремето настана огромна мешаница околу него, бидејќи буквално сите сакаа да се фотографираат со тенискиот ас, кој имаше трпение и за сликање и за разговор особено со најмладите.
Видеото со поздравите кон Ѓоковиќ и неговото дружење со навивачите може да ги погледнете ТУКА и ТУКА.