Неверојатен кошаркарски резултат: Шпанска екипа победи со 188-0!
Станува зборза натпревар одигран од лигата во областа Сантијаго Де Компостела, а Федеса важи за еден од најсилните тимови бидејќи е голем расадник на таленти. Во првата четвртина Федеса постигна 58 поени, 48 во втората, 41 во третиот период и уште 41 во последниот период.
Во статистиката од натпреварот може да се види и дека кошаркарките на Федеса имале само два обиди за три поени.
По ваквиот резултат најголем дел од шпанската јавност испраќа критики, а се огласи и Чави Чорен кој е тренер од стручниот штаб на Гран Канарија.
„Ваквите натпревари не ни помогаат. Дали научивме нешто? Дали некој од играчите нешто ќе научи по овој дуел? Ги охрабрувам сите да започнеме да ги менуваме, има уште време“, порача Чорен.
Инаку, во категоријата женски кадети се натпреваруваат девојчиња на 14 и 15 години.