Нено ќе инкасира по 1.700 евра дневно за време на заемот во Русија (ФОТО)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец, Ненад Димитријевиќ, нема да биде дел од Евролигата следната сезона, ниту ќе игра во некое друго европско натпреварува, но барем ќе го наполни паричникот за време на едногодишниот заем во Русија.

Популарниот Нено во наредните 365 дена наместо во дресот Валенсија ќе игра за Уникс Казан и тоа само во ВТБ-лигата поради суспензијата на руските екипи од европските натпреварување поради инвазијата врз Украина, за што ќе инкасира дури 500.000 евра односно 1.700 дневно за време на десетмесечниот престој во Русија. Со ова влегува во друштво на најплатените македонски кошаркари на сите времиња, заедно со Перо Антиќ, Петар Наумоски и Владо Илиевски, кои единствени досега ја инкасирале оваа или поголема сума на годишно ниво.

 

 

Димитријевиќ лани потпиша четиригодишен договор со Валенсија, но летово дојде нов тренерот во овој клуб, Алекс Мумбру, кој не е баш одушевен од македонскиот плејмејкер и не планираше да му даде некоја посебна минутажа во следниот период.