Наполи е сензационален освојувач на Купот на Италија
На патот до финалето, Наполи ги елиминира Бреша и Реџана, а во неизвесното финале, до триумфот стигна по голема драма во финишот. Најдобар играч на Наполи беше Тајлер Енис кој постигна 21 поен, 7 скока и 7 асистенции, Џејкоб Пулен додаде 14 поени, а Соколовски 13. Кај Олимпија Милано, Никола Миротиќ постигна 19 поени.
Денеска се одиграа финални натпревари во куповите во уште неколку држави. Реал Мадрид на крилјата на Факундо Кампацо ја победи Барселона со 96-85, Олимпијакос беше подобар од Панатинаикос со 69-58, Баерн од Улм со 81-65, Фенербахче од Анадолу Ефес со 80-67, а Жалгирис од Лиеткабелис со 86-70.