Најтрофејниот израелски клуб сака да го донесе Шортс

Плејмејкерот на Париз и македонската репрезентација Ти Џеј Шортс неочекувано предизвика интерес на неколку евролигашки клубови кои летово се обидуваат да го донесат во своите редови. 

Израелскиот портал Спорт5 тврди дека за него се заинтересирал најтрофејниот тим од оваа земја Макаби Тел Авив кој последните денови ги испитува своите можности да го донесе во клубот. Сепак, истиот извор додава дека во Макаби не се големи оптимисти во врска со евентуалниот трансфер бидејќи Шортс е под договор со Париз, а неговата годишна плата изнесува 500 илјади евра, плус бонуси. Единствената шанса да го донесе е тоа што тренерот Туомас Исало е пред преселба во Мемфис Гризлис што би можело да го натера Шортс да си замина од француската престолнина.

Репрезентативецот на Македонија игра одлично последните две сезони, прво во дресот на Бон со кој ја освои титулата во Лигата на шампионите на ФИБА, а потоа и за Париз со кој триумфираше во Еврокупот. Во двете натпреварувања беше прогласен за МВП и на основниот дел и на плејофот.