Најлуд пресврт: Губеа 16 разлика на 140 секунди во мајсторката за титула и на крај – победија! (ВИДЕО)
ЗЗ Лајден е нов првак на Холандија откако во одлучувачкиот меч го победија Донар од Гронинген со 82-81. До титулата дојдоа со неверојатен и невиден пресврт зашто на 146 секунди пред крајот на мечот сѐ изгледаше загубено и недостижно. Имаа дури 16 поени негатива, ама...
На 2:20 минути пред крајот резултатот гласеше 61-77 за Донар. И оттука почна лудиот пресврт со 21-4 со тоа што на три стотинки пред крајот при 81-80, Томас Рутефорд беше фаулиран, па со две погодени слободни фрлања го комплетира пресвртот за неверојатна победа вредна титула.
За ЗЗ лајден ова е петта титула во историјата
I have never seen something like that in my life. Not even in a movie.
— Harris Stavrou (@harris_stavrou) June 1, 2023
A dutch team was losing by 16, with 2:20 to go. They came back and they won the national championship in the most crazy way possible!
The video is insane:pic.twitter.com/2zHyDtPFPt