Монако се радуваше во Белград, четврти пораз за Партизан во Евролигата

Кошаркарите на Партизан не успеаа да дојдат до пресврт во натпреварот против Монако и беа поразени со 74-79 во рамките од шестото коло од Евролигата.

За белградскиот гигант ова беше четврти порз сезонава, додека францускиот тим дојде до четвртата победа.

Гостинскиот тим одигра подобро во првото полувреме, посебно во втората четвртина која ја добија со 12-23. На пауззата Монак имаше предност со 33-46, но во второто полувреме избраниците на Жељко Обрадовиќ заиграа многу подобро.

Во третиот период Партизан прво се врати на „минус три“, а во последните десет минути и водеше, но тука на сцена стапи Мајк Џејмс кој погоди тројка во 39. минута и одново Монако беше тимот кој имаше предност.

Имаше обид Партизан на крајот да дојде до продолженија, но кошаркарите на Монако не дозволија и славеа победа. Карли Џонс со 15 поени беше најефикасен кај Партизан, додека во редовите на Монако, Алфа Диало уфрли 18.