Минатата сезона играше за Лејкерс, сега потпиша за Партизан!

НБА засилување за кошаркарскиот клуб Партизан, црно-белите создаваат конкурентен тим за новата сезона, а во него ќе биде и Шејк Милтон кој во Белград пристигнува од Лејкерс.

Шејк Милтон е 28-годишен бек кој целата досегашна кариера ја мина во НБА. Играше за Филаделфија, Минисота, Детроит, Њујорк, Бруклин и последно во ЛА Лејкерс.

„Малик Бенџамин Шејк Милтон е нов кошаркар на Партизан. Тој потпиша двегодишен договор со црно-белите и ќе му се стави на располагање на тимот од почетокот на подготовките за сезоната 2025/26“, стои во соопштението на Партизан.

Фото: EPA