Милано се засили со американски кошаркар од Барселона

Американскиот плејмејкер Малколм Дилејни го засили тимот на Олимпија Милано и потпиша двегодишен договор со италијанската екипа.

Искусниот кошаркар во редовите на Милано пристигнува од Барселона за која настапуваше досега и во просек постигнуваше по 10 поени и 4,3 асистенции по натпревар.

Милано е шести европски клуб за Дилејни, а настапуваше и во НБА-лигата во период од 2016 до 2018 година во дресот на Атланта хокс.