Медицинската сестра ја раскажа драмата со Вилдоза: Вриштев додека ме држеше за врат...

Meдицинската сестра која беше нападната од Лука Вилдоза и неговата партнеррка за првпат се огласи и ја кажа својата страна на приказната.

Аргентинскиот кошаркар по инцидентот беше уапсен и брзо ослободен, а како што вели 55-годишната медицинска сестра инцидентот се случил додека биле заглавени во сообраќајкот.

„Мерцедесот што беше пред нас во тој момент сврте од десно кон лево, па моравме да намалиме..Дури ризикувавме да се судриме со него. Го претекнавме, но тој забрза и мојот возач ми кажа: „Не можеме вака, ќе се судриме.“ Тогаш му одговорив: „Почекај момент“ ќе излезам и ќе објаснам дека имаме итен повик“. Висока сум 160 см, тешка 55 кг, имам 55 години, се доближив до прозорецот, тој го спушти стаклото и почна да гестикулира со рацете. Зборуваше на шпански, девојката што беше со него зборуваше англиски. Му реков на лош англиски: „Имаме итен случај.“ Во тој момент, излезе од автомобилот,“ раскажува вработената во итна помош.

„Кога ја отвори вратата, ме зграби за вратот и ме крена од земја. Почнав да вриштам. Дури и високата, русокоса жена што беше со него исто така излезе од автомобилот и ме повлече за косата. Луѓето што беа со мене во меѓувреме повикаа полиција, но јас веќе видов полициска патрола како поминува и ги запрев,“ објасни жената.