Макаби го освои Белград: Ц. Звезда промаши напад за победа (ВИДЕО)

Кошаркарите на Макаби Тел Авив успеаја да ја запрат победничката серија од пет меча на Црвена Звезда, откако триумфираа во Белград со 83-82.

Двете екипи понудија возбудлива кошарка од самиот старт, а на полувремето водеше Макаби со 49-40. Ц. Звезда успеа да направи целосен пресврт во третата четвртина, а вистинска драма се случуваше во завршницата.

Трагичар на „црвено-белите“ беше Џордан Нвора, кој го имаше последниот удар на мечот, но го промаши и Ц. Звезда запиша пораз.

Најефикасен во победничкиот тим беше Џими Кларк со 22 поени, еден скоко и две асистенции, додека Нвора запиша 22 поени, три скокови и шест асистенции за српската екипа.

Останати резултати:

Анадолу Ефес – Жалгирис 92-82
Асвел – Милано 76-77
Олимпијакос – Виртус Болоња 109-77
Басконија - Барселона 91-97

Фото: Facebook/KK Crvena zvezda