Кошаркарка во Аргентина среде меч ја доеше својата 11-месечна ќерка (ФОТО)

Аргентинската кошаркарка Антонела Гонзалес во дел од секундата доби планетарна популарност, откако вирално се прошири фотографијата на која таа ја дои својата 11-месечна ќерка додека седи на клупата за време на натпревар.

Оваа необична сцена, која привлече огромно внимание, се случи на мечот помеѓу нејзината екипа Томас де Рокамеро и Велез Сарсфилд.

„Вообичаено ја хранам пред да почне натпреварот, но овој пат не сакаше, туку огладна кога веќе почнавме со средбата. Му кажав на тренерот дека ми е потребно малку време. Сѐ беше максимално природно“, изјави гордата мајка-кошаркарка.

Екипата на Гонзалес победи во овој натпревар против Велес Сарсфилд со 61-44, за прво место на табелата во аргентинското првенство. Таа средбата ја заврши со осум постигнати поени.