Кошаркарите на Париз ќе играат на „Роланд Гарос“

Кошаркарите на Париз, клуб кој пред четири години почна амбициозен проект и на претседателската функција е екс-оперативецот на Индијана Пејсерс и Минесота, Дејвид Кан најави дека во октомври меч од националната лига ќе го игра на Роланд Гарос.

Не е првпат на тениските терени на Отвореното првенство на Франција, кое неодамна заврши со 14-та круна за Рафаел Надал, да се игра кошаркарски меч, ама дури во далечната 1947 година на „Филип Шартие“ бил организирана завршницата од кошаркарското првенство. На „Роланд Гарос“ неодамна имаше и боксерски спектакл.

Засега е познато само дека Париз на 16 октомври ќе биде домаќин на првиот терен на Роланд Гарос, но не е познат ривалот зашто сѐ уште не е објавен календарот за новата сезона. Но, во парискиот клуб се надеваат дека ќе биде некој од евролигашките клубови, Монако или Асвел

„Роланд Гарос е заштитен знак на Париз, на Франција, на меѓународниот спорт и за нас најголема гордост ќе биде меч на 'филип Шартие'