Катастрофа за Евролигата, полуфиналето доцнеше половина час
Домаќинот ги затвори вратите на Убер арената затоа што предност имаа навивачите на Фенербахче и Панатинаикос, а тие не се појавија навреме затоа што се тепаа низ градот и влегоа во конфликт со полицијата. Затоа, во терминот за почеток на натпреварот, едвај беше исполнета четвртина од седиштата, па организаторот мораше да почека извесен период.
Мечот требаше да почне во 18 часот, но стартуваше во 18:30 кога трибините во арената веќе беа пристојно пополнети.