Италијанското дерби за Олимпија Милано, девет асистенции на Димитријевиќ

Вторпат оваа сезона Олимпија Милано го совлада Виртус, првпат во рамките на Евролигата.

Актуелниот шампион на Италија славеше со 99-90 за крај на црната серија од четири порази и за одлепување од дното на табелата. Сепак, малку недостасуваше Олимпија Милано повторно да испушти висока предност бидејќи во втората четвртина водеше со 17 разлика (40-23), а дозволи Виртус не само да се врати во игра, туку и да дојде до +6 во третиот период.

Сепак, во клучните моменти домашниот тим ги врати работите на своето место, а со серијата од 9-0 отиде на 82-73 што беше доволно за победа.

Никола Миротиќ беше најзаслужен за триумфот на Олимпија Милано со дабл дабл од 21 поен и 13 скока. Ненад Димитријевиќ одигра речиси 23 минути и за тоа време постигна шест поени, но оствари и девет асистенции, речиси половина од вкупниот број на неговиот тим.

РЕЗУЛТАТИ
Алба - Анадолу Ефес 70-86
Макаби - Реал 79-78
Олимпијакос - Барселона 95-74
Олимпија Милано - Виртус 99-90