И Галатасарај и сврте грб на Евролигата

И трет турски клуб реши да не игра на турнирите кои се под покровителство на Евролигата, и им се приклучи на оние кои се предводени од страна на ФИБА, како Лигата на шампионите.

По Дарушафака и Тофаш, Галатасарај сега официјално избра да се натпреварува на турнирот на Меѓународната кошаркарска федерација.

Како КК Галатасарај, кој континуирано ја претставува турската кошарка од основањето и успешно ја претставува нашата земја со своите меѓународни успеси, со задоволство ви најавуваме дека ќе учествуваме во Лигата на шампионите во ФИБА од сезоната 2020/21. Лигата на шампионите е најголемиот турнир на ФИБА на клупско ниво, зголемувајќи ја вредноста на брендот со секоја измината година, што означува почеток на значителна промена во европската кошарка, соопштија од клубот.