Хувентуд ја продолжи мизеријата на Валенсија, Димитријевиќ постигна 13 поени

Хувентуд вечерва славеше со 102-89 на тешкото гостување кај Валенсија, па така го запиша нивниот 16. триумф сезонава и ја продолжи мизерната форма на противникот од четири порази по ред.

Валенсија даде голем отпор на отворањето на натпреварот против Хувентуд, но ја загуби првата четвртина со 21-24, но домаќините не се откажаа и направија пресврт (39-37) на средината на втората четвртина, по што гостите со фуриозен финиш избегаа на четири разлика на полувреме (47-43).

Тимот на Димитријевиќ одигра одлично второ полувреме, а уште на самиот почеток избега на +12 (58-46) и покажа дека има јасна цел во овој меч, а тоа е триумф, кој беше поблиску до нив како минуваа минутите на паркетот. Водството на Хувентуд се зголеми и на +20 (84-64) во последната четвртина, по што без многу проблеми Димитријевиќ и другарите победија со 102-89.

Најефикасен во редовите на Хувентуд беше Пау Рибас со 17 постигнати поени, додека македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ го заврши мечот со 13 поени. Кај домаќините најдобар беше Никола Калиниќ со 14 поени.