„Грми“ во Белград: Обрадовиќ доби неверојатна поддршка од навивачите (ВИДЕО)

Навивачите на Партизан брзо го заборавија неуспехот во финалето од Купот на Србија и му приредија спектакуларен пречек на тренерот Жељко Обрадовиќ.

Околу 20.000 гледачи на трибините околу две минути го скандираа името и презимето на стратегот на Партизан.

Претходниот период во Србија се отвори прашање за тоа дали Обрадовиќ ќе остане и идната сезона на клупата на Партизан, а сето тоа откако Обрадовиќ по поразот во финалето од Купот изјави дека треба да се запраша дали можеби не е време за заминување.

„Црно-белите“ под негово водство, во овие три сезони, се закитија само една титула во АБА-лигата, но Обрадовиќ успеа да го врати култот на клубот и да го крене имиџот кој беше нарушен пред неговото враќање.