Газдата на турскиот гигант потврди: Добивме покана за НБА Европа

Претседателот на Галатасарај, Дурсун Озбек потврди дека добил официјална понуда од НБА Европа да се приклучи на новото натпреварување.

Првиот човек на најтрофејниот клуб сепак не можеше да каже дали неговиот тим ќе може да се приклучи на натпреварувањето.

„Добивме покана од НБА Европа. Минатиот месец бевме во Женева на покана“, изјави Озбек.

НБА Европа наводно сака да ги привлече клубовите со голема навивачка база и идејата е во проектот на да се вклучат и некои големи европски фудбалски клубови кои би формирале свој кошаркарски тим, но за почеток планирано е тоа да бидат клубови и со историја.

„Тие сакаат Галатасарај да биде дел од проектот. Договорот се уште не е финализиран, но добивме покана да бидеме дел од таа организација. Ќе ја известиме јавноста дополнително за нашите чекори“, додаде 76-годишниот претседател на турскиот клуб.

Оваа неделеа во седиштето на ФИБА состанок одржаа претставници на Евролигата и НБА во врска токму со проектот НБА Европа.