
Франција сака да го организира Светското првенство во 2031 година
Иако планетарна велесила и организатор на неколку големи манифестации, меѓу кои и Олимписки игри, Франција никогаш не била домаќин на континентален шампионат, а нема ни титула на овие натпреварувања при што најголемиот успех е третото место во 2014 и 2019 година. Она што е најинтересно, Французите сакаат сами да го организираат кошаркарскиот Мундијал, за разлика од европските првенства, па и последното светско, каде повеќе држави се појавија во улога на домаќини.
Светско првенство не се одржало на европскиот континент од 2014 година кога домаќин беше Шпанија, во 2019 година тоа се одржа во Кина, во 2023 организатори беа Филипини, Јапонија и Индонезија, а следното ќе биде во Катар, во 2027 година.