
Елмас пред договор, македонскиот ас се враќа на местото на успехот
Италијанските медиуми објавија дека вчерашниот ден донел огромен напредок во преговорите и дека недостасуваат само детали за потврда на договорот. Елмас најверојатно ќе го облече дресот на Наполи како позајмен играч со можност за откуп на неговиот договор на крајот од оваа сезона.
Со тоа тој би се вратил во клубот чиј член беше од 2019 до 2024 и за кого одигра 189 натпревари со 19 гола и 11 асистенции. Со Наполи ги оствари и најголемите успеси во кариерата, освојувајќи ги единствените трофеи на највисоко ниво - Куп на Италија во 2020 година и Скудето во 2023.