
По гол и асистенција на Меси и Алба, Интер Мајами му се одмазди на Сиетл (ВИДЕО)
Синоќа одигра еден од нив, на домашен терен го пречека Сиетл и го победи со 3-1 со што се искачи на шестото место во својата Конференција. Теоретски, ако ги добие и останатите три, ќе избори на првата позиција бидејќи разликата со лидерот Филаделфија изнесува осум бода.
Со овој триумф Интер му се одмазди на Сиетл за неодамнешниот пораз во финалето од Купот на лигите каде загуби со 0-3. Во центарот на вниманието повторно беше Лионел Меси, овојпат заедно со Жорди Алба. Аргентинецот асистираше за првиот и го постигна вториот гол, додека Фрај во второто полувреме зголеми на 3-0. Варгас го постави конечниот резултат на 20-тина минути пред крајот на натпреварот.
Со овој гол Меси стигна до бројката од 880 гола во кариерата и има шанса до Светското првенство да ја мине границата од 900.