
Се сменија работите на Олд Трафорд: Бруно подготвен за преселба во Саудиска Арабија
Дејли меил денеска објави дека тој се посериозно ја разгледува понудата од Ал Итихад кој беше подготвен да му даде неделна плата од 810 илјади фунти или над 40 милиони по сезона. Покрај тоа, ќе се опари и Манчестер Јунајтед бидејќи шампионот на Саудиска Арабија од 2024 година нуди 115 милиони евра за капитенот на премиерлигашот.
Претходно за него беше заинтересиран Ал Хилал, но до договор не дојде. Не е исклучено сега работите да се сменети поради негативното расположение на навивачите кон Бруно Фернандес, а како последица на лошиот старт на сезоната на Португалецот.