
„Ако одиш на одмор со постара жена, гледај тоа да биде мајка ти“
Јамал доби совет од поранешното „чудо од дете“, Фреди Аду кој не ги исполни очекувањата. Тој го советува Јамал да остане фокусиран и да се посвети на својата игра бидејќи славата ќе му донесе многу искушенија.
Младиот играч на Барса беше во фокусот на јавноста откако беше забележан на одмор со Онли Фанс моделот Фати Вазкез, која е скоро двојно постара од него, а потоа и со начинот на кој го прослави 18-тиот роденден.
„Очигледно сите очи се вперени во него, и тоа е многу тешко. Јас лично, не можев да бидам обично дете, и ова доаѓа од некој што живее во САД, каде фудбалот не е толку голем спорт! Не можам да замислам што му се случува во Шпанија, веројатно е 1000 пати поголемо вниманието, бидејќи фудбалот таму е спорт број 1. Плус игра за најголемиот тим, игра и за националниот тим, па каде и да оди привлекува внимание, сите очи се вперени во него. Мојот совет е да биде со наведната глава, да остане фокусиран, посветен на тренинг и неговата игра. Славата ќе му донесе многу искушенија. Како таа ситуацијата кога беше на одмор со постара жена, и сите зборуваа за тоа. Под лупа ќе биде ставен секој најмал детаљ. Па би му препорачал ако оди на одмор со постара жена, да гледа тоа да биде неговата мајка! Бидејќи и ништо да не се случи, сите ќе зборуваат за тоа, и ќе зборуваат многу“, рече Фреди Аду.
Што се однесува до Фреди Аду, тој дебитираше во МЛС со 14 години, а стана репрезентативец на САД со 16 години. Во тоа време беше најплатен фудбалер во САД, а потпиша и мултимилионски договор со Најк. Но, никогаш не ги исполни предвидувањата, по преселбата во Европа неговата кариера почна да оди во надолна линија па играше и во клубови од нашето соседство како Грција, Србија и Турција.