
Челниот двоец на РФМ на гости во ЕХФ - му дадоа благодарница на Видерер!
Претседателот на ЕХФ, Михаел Видерер и генералниот секретар на европската ракометна куќа Марин Хауслајтнер, денеска во Виена ги примија челниците на македонскиот ракомет, Александар Стефанов и Влатко Тасевски.
На состанокот се разговарало за развој и напредок на македонскиот ракомет, а македонските претставници на Видерер му дадоа и благодарница за поддршка на овој спорт во нашата земја како и дрес од македонската репрезентација со неговото презиме и број 1.
Нашата ракометна федерација заедно Србија и Словенија е кандидат за организација на Европското првенство за мажи во 2034 година, а се очекува да биде поднесена кандидатура за организација на некое од младинските првенства.