
Партизан не го откупи Бојан Димоски, но друг српски клуб ќе го направи тоа!
Според „Моцарт Спорт“, ТСЦ Бачка Топола за 100.000 евра ќе го откупи Бојан Димоски од рускиот клуб Акрон Тољати со која Македонецот има договор.
Димоски изминатата пролет одигра само четири натпревари за Партизан каде пристигна на позајмица со опција за откуп.
Тој во 2023 година замина од Брера потпишувајќи за Акрон Тољати, а сега веројатно ќе си оди од рускиот тим на перманентна основа.
Бојан Димоски има 20 натпревар за македонската репрезентација.