
Што би избрале? Најнова Тесла или билет за финалето на Ју Ес опен – цената е иста!
Според „Газета дело Спорт“, цените на билетите за машкото финале на „Артур Еш стадионот“ достигнуваат до рекордни 45.500 долари за најскапите места, додека просечната цена изнесува околу 4.000 долари. Напомената е дека се ова цели во редовна продажба, кои сигурно би зголемиле повеќекратно на „црниот пазар“, особено ако во финалето дојде до некој супер-спектакл со учество на Ѓоковиќ, Алкараз или Синер.
Со капацитет од 23.771 гледач, организаторите очекуваат приходите само од финалето да бидат околу 100 милиони долари, што е повеќе од целиот награден фонд на турнирот. Најевтините билети за годинашното издание на УС Опен чинат 680 долари.