Фенербахче се врати од -17 и го шокира Монако

Кошаркарите на Фенербахче на неверојатен начин остварија триумф против Монако од 92-86 во 15. коло од Евролигата.

Фенербахче се соочи со големи проблеми од стартот на дуелот, а дното го допре во третата четвртина, кога Монако имаше предност од +17.

Монако, сепак, во завршницата влезе во голема криза, а тоа знаеше како да го искористи Фенербахче и да направи целосен пресврт.

Хортон-Такер беше најефикасен со 24 поени кај Фенербахче, додека Џејмс запиша 20 поени за Монако.

Фото: Facebook/Fenerbahce Beko