Европски гигант сака да го ангажира најдобриот кошаркар на Ц. Звезда

Српските медиуми пишуваат дека кошаркарот и лидер на Црвена Звезда, Никола Калиниќ наскоро би можел да го напушти Белград, а како негова идна дестинација се споменува Барселона.

Репрезентативецот на Србија по освојување на домашниот шампионат кажа дека ќе разговара за нов договор со Ц. Звезда, но примамлива понуда од Каталонија би можела да му ги промени плановите.

Калиниќ сезонава беше еден од најзаслужните кошаркари на „црвено-белите“ за успесите, па така во Евролигата на 32 меча во просек постигнуваше по 12,6 поени, 3,9 скокови и 3,4 асистенции.