Евролигата се прошири, има - три нови тимови!

Евролигата и официјално ги соопшти тимовите кои во наредната сезона ќе бидат дел од натпреварувањето кое ќе брои 20 тимови.

Нови клубови кои добија место во најсилното европско кошаркарско натпреварување се Дубаи и Валенсија, а нов е и Хапоел Тел Авив кој до Евролигата дојде како освојувач на Еврокупот.

Лигата ја напушти Алба од Берлин.

Црвена звезда и Партизан остануваат дел од натпреварувањето, трофејот го брани Фенербахче.