Евролигата потврди големи судиски грешки на мечот меѓу Ц. Звезда и Барселона

Црвена Звезда по продолжение загуби од Барселона со 94-98 во четвртото коло од Евролигата, а раководството на шампионатот потврди седум погрешни судиски одлуки, од кои дури четири биле во последните 30 секунди од мечот.

Анализирана била ситуацијата од последната минута кога судиската тројка не смеела да ја прегледа снимката и дополнително да носи одлука која веќе не била донесена.

Исто така, посочено е дека претходно е направена уште една грешка затоа што постоел прекршок од Јан Весели над Џоел Боломбој, кој доколку бил досуден ќе ги спречел останатите грешки во продолжение.

„На 29,3 секунди до крајот, Боломбој имаше контрола над топката со дефанзивен скок во дуелот со Весели. Во обид да ја украде топката, Јан направи прекршок. Тоа е лична грешка која требало да биде досудена“, соопшти Евролигата.