Евролигата ги суспендира „ѕверовите“ на Фенербахче и Анадолу Ефес (ФОТО)

Дуелот меѓу Фенербахче и Анадолу Ефес го одбележа тепачка меѓу Тарик Биберовиќ и Илајџа Брајант, па поради тоа Евролигата реши да ги суспендира и двајцата кошаркари.

Биберовиќ тргна кон противничкиот кош, Брајант се обиде да го блокира, но не успеа и потоа двајцата завршија на под, по што се „фатија за гуша“.

Брајант го гризнал противничкиот кошаркар, додека Биберовиќ го гребел ривалот и тоа го покажаа фотографиите од мечот.

Евролигата реши да ги суспендира на еден меч, а притоа и да им изрече парични казни, па така Биберовиќ ќе плати 5.000 евра додека Брајант двојно повеќе пари.