Звезда го руши клупскиот рекорд: Борусија нуди 15 милиони евра за „српскиот Меси“

Андрија Максимовиќ е најновата сензација во српскиот фудбал, има само 17 години, а веќе е стандарден во првиот тим на Црвена Звезда и во саботата дебитираше за репрезентацијата на Србија.

Многумина го споредуваат со Меси иако според возраста поблиску е до Ламин Јамал со кого е иста генерација. Новинарот на Скај Спортс, Флорија Петерберг тврди дека бројни гиганти стојат во редот за потписот на српскиот тинејџер, а најконкретна е Борусија Дортмунд која нуди 15 милиони евра.

Ако Црвена Звезда ја прифати понудата од актуелниот европски вицешампион, Максимовиќ, номинално ќе стане најскап фудбалер во историјата на белградскиот клуб. Сегашниот рекорд го држи Горан Друлиќ кој во 2001 година беше продаден на Сарагоса за сума која е беше еквивалент на 13 милиони евра, Дејан Станковиќ во 1998 година отиде во Лацио за 12,4 милиони, а на четвртото место е нашиот Дарко Панчев чиј трансфер во Интер изнесуваше 12 милиони.

Борусија Дортмунд е позната по препознавање таленти, клубот од Вестфален последните години имаше неколку спектакуларни трансфери, а низ неговите редови поминаа суперѕвезди како Ерлинг Халанд, Џуд Белингам, Усман Дембеле, Џејдон Санчо итн.