Гвардиола се премислува - може да остане уште една сезона во Сити
Телеграф тврди дека двете страни се блиску до нов, едногодишен договор кој би важел до јуни 2026, а со што Гвардиола би комплетирал цела деценија на клупата на Сити. Во меѓувреме, за него постои интерес и од Фудбалската асоцијација на Англија да стане нов селектор на оваа земја, но тој категорично отфрла таква можност.
Гвардкола го презеде Сити во 2016 година и стана најуспешен тренер во историјата на клубот со кој освои вкупно 19 трофеи за осум години од кои шест во Премиер лигата.