Џелатот на Звезда ги осуди навивачите: Ова е непочитување и е опасно

Најдобриот играч на Жалгирис на синоќешниот натпревар против Црвена Звезда, Кинан ги осуди навивачите на белградскиот тим за однесувањето пред и по завршувањето на мечот.

Литванскиот тим славеше со 83-81, но натпреварот го одбележаа неколку сомнителни судиски одлуки во финишот по што дојде до хаос во белградската Арена. Лути на арбитрите, навивачите фрлаа тврди предмети на теренот, а обезбедување мораше да реагира за судиите да заминат во соблекувална.

„Не сакам кога луѓето не ја почитуваат играта, без разлика дали е лоша или добра судиска одлука на судиите. Ја разбирам фрустрацијата, можете да викате и да го исфрлите својот бес, но фрлањето предмети едноставно спречува да бидете неверојатни навивачи.

Опасно е, можете да удрите играч и да го повредите. Навистина би сакал да не е случај, но ете го има и тоа“, изјави Кинан по натпреварот.

Токму тој беше еден од главните протагонисти при сомнителните одлуки на судиите кога, впечаток е, ја згазна линијата на центарот од игралиштето и ја врати топката во задно поле на околу 15 секунди пред крајот.