Димитријевиќ со 23 поени го предводеше Хувентуд до триумф против Уникс

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар против Уникс Казан и постигна 23 поени во победата на Хувентуд од 84-77 во Еврокупот.

Уникс даде голем отпор во првото полувреме од натпреварот, па Хувентуд имаше предност од само два поени (44-42).

Хувентуд во третата четвртина стигна и до +10 (62-52), но Уникс намали на 61-64. Сепак, во последната четвртина тимот на Димитријевиќ играше фантастично и победи со 84-77.

Димитријевиќ беше најдобар стрелец на мечот со 23 поени, а притоа имаше и две асистенции и еден скок за Хувентуд.

Хувентуд во групата А има седум победи и два порази и веќе обезбеди пласман во следната фаза од Еврокупот.