Димитријевиќ избран во тимот на колото во ВТБ-лигата (ФОТО)

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ беше избран во најдобриот тим на колото во ВТБ-лигата, откако претходно блесна за Уникс Казан во победата против Зенит.

Димитријевиќ постигна 17 поени, три скока и девет асистенции против Зенит, а тоа беше доволно да се најде меѓу најдобрите.

Меѓу најдобрите беа избрани и Џермејн Лав, Александр Платунов, Дејан Давидовац и Евгени Валиев.