ЦСКА Москва го освои Минхен и запиша петта победа по ред (ВИДЕО)

ЦСКА Москва славеше со 89-81 на гостувањето кај Баерн Минхен во рамки на 10.коло во Европлигата. 

Натпреварот во најголем дел беше неизвесен и двата тима се менуваа во водството, кое не изнесуваше повеќе од пет поени. Рускиот тим главниот исчекор кон победата го направи во последниот период, кога имаше серија од 11-0 и поведе со 68-82. Баерн веќе не можеше да направи резултатски приклучок иако успеа да ја намали негативата, но не и да го сврти резултатот.

Мајк Џејмс со 25 поени ја водеше ЦСКА до триумфот, додека 18 имаше Никола Милутинов. Кај Баерн најдобар беше Вејд Болдвин со 19 поени, еден помалку постигна Џејлен Рејнолдс.

За ЦСКА ова беше петта победа по ред и сега се израмни со Баерн Минхен на втората позиција со ефект од седум победи и три порази. Лидер и натаму е Барселона која има седум победи и само еден пораз од осум натпревари.  

На останатите натпревари денеска:

Химки - Анадолу Ефес 77-105

Басконија - Панатинаикос 93-72