Црвена звезда прокоцка плус седум во последната четвртина и загуби од Жалгирис

Црвена звезда беше на добар пат да го победи Жалгирис на негов терен во Евролигата, имаше водство од седум разлика во текот на последниот период, но финишот им припадна на домаќините за победа од 71-66.

Жалгирис беше подобар во текот на првото полувреме кое го доби со 38-30. Но Црвена звезда заигра фантастично во третиот период и го сврте мечот во своја полза. Четвртината ја доби со 26-12 и во последниот период влезе со водство од 56-50.

Во последниот период Црвена звезда имаше водство од 64-57 кога се случи голем пад на српскиот тим, Жалгирис до крајот даде 14 поени, а Црвена звезда само два за конечна победа на литванците од 71-66.

Прв стрелец во тимот на Црвена звезда беше Филип Петрушев со 16 поени, Недовиќ постигна 11. Кај Жалгирис Улановас постигна 13.

По 20 одиграни натпревари Црвена звезда е на десетото место на табелата, Жалгирис е петти.