Циркус во Турција: Рајковиќ настрада од судиската тројка (ВИДЕО)

Емил Рајковиќ го доживеа првиот пораз во турското првенство откако вечерва загуби на гостувањето  со 91-93.

Сепак, начинот на кој загуби Рајковиќ, односно неговиот тим Тофаш е скандалозен. На три секунди пред крајот, Блажевич го донесе Тофаш во водство со 91-90, а домашниот тим немаше ни тајмаут, па мораше да го почне нападот од под својот кош.

Акцијата ја предводеше Камингс кој го помина центарот на теренот и сакаше да шутир, но му избега топката, па изглуми дека е фаулиран од противничкиот кошаркар Џенгиз за што доби три слободни фрлања. Рајковиќ, кој беше во непосредна близина, тотално збесна и побара челинџ, но јасно беше дека судиите нема да ја сменат својата одлука.

Кошаркарот на Галатсарај максимално го искористи подарокот, ги погоди сите три слободни фрлања и му донесе победа на својот тим..