Блат не може да се бори на два фронта: Олимпијакос се раздели со тренерот

Дејвид Блат пред неколку месеци во отворено писмо до јавност откри дека боледува од тешка болест - мултиплекс склероза, а денеска официјално го напушти тренерското столче во Олимпијакос, зашто наводно што не може да се бори на два фронта.

Управата на грчкиот тим била изненадена со одлуката на тренерот, па поради тоа привремено решение ќе биде Кестутис Кемзура.

Иако засега не се открива точната причина за разделбата на двете страни, а дел од грчките медиуми шпекулираат дека тоа е поради болеста, додека другите дека е поради поразот од АСВЕЛ во првото коло од Евролигата.