Барселона загуби во „Ел Класико“, титулата се сели во Мадрид!

Реал Мадрид го доби кошаркарското „Ел Класико“ против Барселона со 79-74, па така со 3-1 во финалната серија ја освои титулата во шпанската АЦБ-лига.

Во првата четвртина немаше многу акција во која беа постигнати само 23 поени, при што Реал водеше со 13-10, додека на полувреме замина со водство од еден поен 34-33.

Барселона во вториот дел се обидуваше да го преземе водството и по тетата четвртина резултатот беше 57-56, по што „кралевите“ во последниот дел стигнаа до 81-74.

Таварес беше најдобар кај Реал со 25 поени, додека Миротиќ со 14 поени беше најефикасен кај Барселона.