Барселона по продолженија го скрши Уникс Казан

Каталонскиот гигант Барселона ја запиша 15. победа во кошаркарската Евролига со 111-109 против Уникс Казан.

Рускиот тим го отвори мечот со 6-0, по што Барселона намали на 16-18, но гостите издржаа и ја добија првата четвртина со 28-27.

Уникс Казан во втората четвртина издоминира на паркетот и стигна до +10 (45-35), а нивното водство растеше и до +20 (71-51) во третиот период од натпреварот.

Барселона одигра фуриозна последна четвртина и со серија од 10-0 (84-88) го скрши Уникс Казан, кој не можеше да се соземе до крајот на регуларниот дел (94-94).

Двете екипи одиграа возбудливо продолжение во кое каталонскиот тим  кој на крајот славеше со 111-109.