Барселона ја прекина победничката серија на Фенер, Реал падна во Русија

Кошаркарите на Барселона и Химки забележаа нови победи во 20. коло од Евролига, откако каталонскиот гигант беше подобар на гостувањето кај Фенербахче со 80-74, додека рускиот тим славеше на домашен ререн против Реал Мадрид со 102-94.

Со оваа победа барелона ја прекина серијата од три порази во низа, додека пак Фенер го запиша првиот пораз по четири меча.

Најефикасен во победничкиот тим беше Виктор Клавер со 17 поени, додека Малколм Дилејни постигна три помалку.

Претходно, руски Химки беше подобар од Реал Мадрид со 102-94 и со тоа ја прекина серијата од четири порази во елитното натпреварување.

Како и обично, играчот на Химки, Алексеј Швед беше најдобар со 21 поен, но овој пат поранешниот играч во НБА лигата значително го подобри својот процент на шут, за што беше критикуван изминатите натпревари. Букер со 15 и Гил со 13 поени придонесоа за оваа голема победа.