Анадолу Ефес го демолираше Фенербахче и ја освои титулата во Турција

Кошаркарите на Анадолу Ефес ја потврдија доминацијата во домашниот шампионат откако со 3-0 во финалната серија го декласираа Фенербахче и ја освоија титулата во Турција.

Избраниците на Игор Кокошков доживеаа уште еден дебакл откако беа поразени со 66-93, а не си поминаа најдобро ниту во претходните две пресметки кога Анадолу Ефес славеше со 111-71 и 95-73.

Родриг Бобуа постигна 30 поени за победничката екипа, додека кај Фенербахче најдобар беше Де Коло со 19 поени.