Вардар беше немоќен: Баскет Кам ги обедини трите круни!

Кошаркарките на Баскет Кам ја одбранија титулата откако вечерва триумфираа против Вардар со 77-74 за максимални 3-0 во финалната серија од плејофот.

Екипата од Македонска Каменица имаше постојана предност, а во еден момент поведе со +10 (45-35), но тоа не ги демотивира кошаркарките на Вардар кои бркаа негатива и неколку пати му се приближија на шампионот.

Драгана Зубац постигна 24 поени, додека Ивана Кметовска го заврши натпреварот со 23 поени и 12 скокови.

Баскет Кам стигна до историски успех во македонската женска кошарка, односно ги обедини трите круни, во Суперкупот, Купот на Македонија и домашното првенство.

Наградата за најкорисна кошаркарка во финалната серија ја доби Цветанка Димова која му помогна на Баскет Кам да ја одбрани титулата.