Убедлив триумф на Чаир против Феникс (ВИДЕО)

Во второто коло од најдобрата македонска кошаркарска лига, Чаир ја забележа и втората победа откако со 93-73 победи на гостински терен кај Феникс.

Натпреварот беше изедначен во првите две четвртини, на одморот Чаир замина со предност од само два поени, беше 40-38. Но чаирскиот тим заигра многу подобро во вториот дел и буквално го згазни противникот со 20 поени разлика, 93-73 беше конечниот резултат.

Кирк со 21 поен беше најефикасен во составот на Чаир, Ролинс постигна 20, најдобар поентер кај Феникс и на натпреварот беше Грант.

Во истиот термин Кожув со 87-75 беше подобар од тимот на Вардар. Стевановиќ со 25 поени беше најдобар кај Кожув, Пилепиќ постигна 24. Во составот на Вардар, Хамптон реализираше 27, имаше и девет скока.