Тренер со две титули во БИБЛ седнува на клупата на Пелистер!

Битолскиот прволигаш Пелистер во новата сезона влегува со далеку поголеми амбиции од досега, за што потврда е и ангажманот на македонскиот тренер со две титули во БИБЛ-лигата зад себе, Марјан Илиевски.

Тој веќе постигна договор со управата на битолчани, а на клупата ќе го замени Љупчо Малинков, кој дел од минатата сезона го предводеше овој тим и за малку не успеа да се пласира во Суперлигата. Илиевски доаѓа од таборот на косовски Раховеци, а во минатото има работено во екипи како Лирија, Кожув, Блокотехна и Сигал Приштина. Со последните два тима дојде и до најголемиот успех во кариерата, победничките пехари во Балканската лига (БИБЛ).

Пелистер веќе обезбеди и две играчки засилувања и тоа македонските репрезентативци, Бојан Трајковски и Бобан Стајиќ.