Трајковски со 32 поени го предводеше Феникс до славје против ФМП

Феникс 2010 ја запиша третата победа по ред во македонската Прва лига, откако вечерва беше подобар од ФМП Академија со убедливи 96-76.

Кошаркарите на Феникс уште од стартот ја преземаа контролата врз дуелот и ја добија првата четвртина со 30-22, додека водството на полувреме се зголеми на 50-39.

ФМП Академија се разбуди во третата четвртина и со 25-17 намали на 64-67, но Феникс со одлична игра во последните 10 минути го наполни кошот на ривалот.

Бојан Трајковски беше најефикасен кај Феникс и притоа постигна 32 поени, девет асистенции и осум скокови, додека Мекевен запиша 24 поени за ФМП.