
ТФТ прегазен во Солун - во два меча прими 250 поени!
Таму се сретна со грчките прволигаши Арис и ПАОК од кои доживеа убедливи порази. Во средата се сретна со десеткратниот шампион на Грција, Арис и загуби со 64-130, а вчера од вториот солунски клуб беше совладан со 66-119. На двата натпревара ТФТ прими вкупно 249 поени, а разликата изнесува 119.
Тимот од Тафталиџе оваа сезона, заедно со МЗТ Скопје, ќе ја претставува Македонија во АБА 2 лигата, а до почетокот на сезоната во домашното првенство ќе одигра уште неколку домашни и меѓународни подготвителни натпревари.